Здружение на наставници хемичари и технолози од училиштата со хемиско-технолошка струка „ДИЈАГРАМ“
Здружението „ДИЈАГРАМ“ работи на унапредување на квалитетот и угледот на хемиско-технолошкото образование во Северна Македонија. Организацијата организира општински, регионални и државни натпревари по хемија и технологија, ги поддржува наставниците во нивниот професионален развој и активно учествува во креирање на наставни програми во соработка со надлежни институции. Преку својата работа, „ДИЈАГРАМ“ придонесува и за промоција на толеранција, соработка и вклученост во образовниот процес.
Проектот „Иновативни млади пекари и слаткари – мајстори за специјална храна“ е насочен кон развој на практични и претприемачки вештини кај учениците во секторот храна, преку нивно активно вклучување во решавање на реални предизвици поврзани со исхраната и здравјето.
Фокусот е ставен на поттикнување на учениците да развиваат иновативни решенија преку производство на специјализирани пекарски и слаткарски производи, со цел подобрување на навиките во исхраната и зголемување на нивната вработливост.
Цели на проектот
Проектот има за цел:
– Развој на практичните и стручните вештини кај учениците во пекарството и слаткарствотo;
– Поттикнување на претприемачкиот дух и можности за самовработување;
– Подобрување на конкурентноста на младите на пазарот на труд;
– Промоција на здрава исхрана и подигнување на јавната свест;
– Поттикнување на социјална инклузија преку вклучување на различни групи ученици.
Во рамки на проектот беа организирани натпревари на вештини во областа на пекарство и слаткарство, со цел да се поттикне креативноста, практичната примена на знаењето и интересот за овие струки.
Општински натпревари
Општинските натпревари се одржаа на 10 февруари 2026 година, во 9 средни стручни училишта низ државата со вкупно 75 ученици, поддржани од 23 ментори.
Учениците ги демонстрираа своите практични вештини преку подготовка на пекарски и слаткарски производи. Најдобрите учесници се квалификуваа за регионалното ниво.
Регионални натпревари
Регионалниот натпревар се оддржа во Струмица, на кој учествуваа вкупно 29 ученици од 9 училишта, поддржани од 22 ментори.
Натпреварувачите се натпреваруваа во подготовка на слаткарски производи, според утврдени критериуми и стандарди. Најуспешните учесници се пласираа на државниот натпревар, каде ќе учествуваат 8 ученици од 4 училишта, заедно со 8 ментори.
Здружението ДИЈАГРАМ реализираше дополнителни активности насочени кон развој на претприемачки и професионални вештини кај учениците.
Во рамки на проектот беа спроведени:
– Организација на обуки за кариерно советување и професионална ориентација;
– Спроведување дискусии и дебати за претприемништво и иновации во секторот храна;
– Практична работа со учениците и подготовка за натпреварите;
– Координација со наставници и ментори од стручните училишта;
– Промоција на активностите и резултатите преку социјални медиуми.
Овие активности обезбедија дополнителна вредност преку поврзување на практичната работа со претприемачките компетенции.
МАССУМ - Младинска асоцијација на средните стручни училишта во Македонија
Младинската асоцијација на средните стручни училишта во Македонија (МАССУМ) работи на поддршка на младите од стручните училишта преку развој на вештини, креативност и тимска работа.
Организацијата ги надополнува празнините во формалното образование преку активности што ја поттикнуваат самодовербата, одговорноста и практичните компетенции кај учениците.
МАССУМ го организира и најголемиот Саем за кариера „Образовно рандеву“, преку кој придонесува кон поврзување на учениците со пазарот на труд.
Проектот „Вештини за иднината (Skills4Future)“ е насочен кон развој на стручни и претприемнички вештини кај учениците од средните стручни училишта преку практични активности, обуки, натпревари и соработка со бизнис секторот.
Проектот придонесува кон подобрување на практичната подготвеност на учениците и нивната вработливост.
Цели на проектот
The project aims to:
– Развој на практичните и претприемничките вештини кај учениците;
– Подобрување на поврзаноста со бизнис секторот;
– Зголемување на учеството на учениците во практични активности и натпревари;
– Јакнење на соработката помеѓу училиштата и компаниите;
– Подигнување на свеста за значењето на стручното образование.
Во рамки на проектот беа организирани училишни и регионални натпревари за профилите фризер, техничар за козметичка нега и убавина и техничар за мебел и ентериер.
Училишни натпревари
Во првата фаза од натпреварите учествуваа 152 ученици од 8 средни стручни училишта (профили фризер и техничар за козметичка нега и убавина) и 20 ученици од 3 средни стручни училишта (профил техничар за мебел и ентериер).
Учениците ги демонстрираа своите практични вештини преку задачи и презентации.
Регионални натпревари
Регионалните натпревари за профилите фризер и техничар за козметичка нега и убавина се одржаа во период од 25 до 31 март 2026 година во повеќе градови, каде учествуваа 76 ученици од повеќе средни стручни училишта. Регионалниот натпревар за профилот техничар за мебел и ентериер се одржа на 06 април 2026 година во Скопје, каде учествуваа 8 ученици од 3 средни стручни училишта, каде ги демонстрираа своите вештини во дизајн и изработка на мебел и ентериерски решенија, согласно утврдени критериуми.
Учениците се натпреваруваа пред стручни комисии составени од наставници и претставници од бизнис секторот, според утврдени критериуми. Најдобрите ученици од регионалното ниво се пласираа на Националниот натпревар на вештини, каде ќе ги претставуваат своите училишта и стекнатите компетенции.
Овие активности претставуваат значаен придонес кон промоцијата на стручното образование, развојот на практичните вештини и зајакнување на врската помеѓу образованието и пазарот на труд.
Во рамки на проектот, МАССУМ реализираше активности насочени кон подготовка на учениците и нивно поврзување со бизнис секторот.
Активностите опфатија:
– Подготовка на учениците преку практична работа и менторска поддршка;
– Координација со наставници и стручни училишта;
– Вклучување на претставници од бизнис секторот во активностите;
– Организација и учество на стручни комисии;
– Промоција на активностите и резултатите преку јавни објави.
Активностите придонесоа кон подобрување на квалитетот на практичната настава и поврзаноста со пазарот на труд.
Здружение Културен Центар СТЕРНА – Скопје
Културниот Центар „Стерна“ од Скопје работи на промоција на човековите права, инклузијата и еднаквите можности, со особен фокус на ранливите и маргинализираните групи. Организацијата активно придонесува кон подобрување на образовните процеси и развој на вештини кај младите, особено во областа на дигиталните компетенции и вработливоста.
Проектот „Зајакнување на младите: Подготовка за идните предизвици со инклузивен пристап“ е насочен кон развој на практични, дигитални и претприемачки вештини кај учениците од стручното образование, преку нивна подготовка за учество на натпревари и вклучување во реални работни процеси.
Проектот опфаќа ученици од профилите:
– техничар за е-трговија и дигитален маркетинг;
– техничар за дизајн на облека;
– ученици со оштетен слух (профил заварувач).
Активностите вклучуваат обуки, практична работа кај работодавачи, развој на дигитални материјали и промоција на инклузивно образование.
Цели на проектот
Проектот има за цел:
– Развој на практични, дигитални и меки вештини кај учениците;
– Подобрување на можностите за вработување и самовработување;
– Промоција на инклузивно образование, особено за ученици со попреченост;
– Создавање на дигитални и едукативни материјали за учење;
– Зајакнување на соработката помеѓу училиштата и работодавачите.
Во рамки на проектните активности, СТЕРНА успешно организираше училишни и регионални натпревари на вештини за два образовни профили:
- Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг
- Техничар за дизајн на облека
Целта на натпреварите беше да се поттикне развојот на практичните вештини, креативноста и примената на знаењето кај учениците, како и да се зајакне квалитетот на стручното образование.
Училишни натпревари
Во првата фаза беа организирани училишни натпревари, на кои учествуваа ученици од вкупно 5 средни стручни училишта по профил.
– Вкупно учествуваа 26 ученици од 5 училишта од профилот Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг
– 25 ученици од 5 училишта од профилот Техничар за дизајн на облека.
Најдобрите ученици од училишните натпревари се квалификуваа за учество на регионалното ниво.
Регионални натпревари
Регионалните натпревари се одржаа на 4 март 2026 година, во ДСУРЦ „Партенија Зографски“ во Скопје.
За секој стручен профил учествуваа по 10 ученици од 5 училишта, кои се натпреваруваа според однапред утврдени критериуми и стандарди.
Најуспешните 5 ученици по профил се стекнаа со право на учество на Државниот натпревар на вештини, кој ќе се оддржи на 12 мај 2026 година каде ќе ги претставуваат своите училишта и стекнатите компетенции.
Овие активности претставуваат значаен придонес кон промоцијата на стручното образование и зајакнување на врската помеѓу образованието и пазарот на труд.
Во рамки на проектот, СТЕРНА реализираше повеќе активности насочени кон развој на дигитални и креативни вештини кај учениците.
Активностите опфатија:
– Подготовка на учениците преку менторска поддршка и практична работа;
– Организација на обуки за дигитални и меки вештини;
– Развој на инклузивни дигитални материјали за ученици со оштетен слух;
– Реализација на практикантска работа кај работодавачи;
– Промоција на учесниците, нивните проекти и постигнувања;
– Coordinating with teachers and mentors for student preparation;
– Спроведување на општински и регионални натпревари со учество на ученици од повеќе стручни училишта;
– Промоција на активностите, резултатите и успешните приказни преку социјални медиуми.
Преку овие активности беше обезбедена видливост на проектот и поттикнат интересот за дигитални и креативни професии.
Здружение на средни училишта Тера Фитон Анимал (ТФА)
Грантистот „Тера Фитон Анимал“ (ТФА) е мрежа на 10 земјоделски училишта во Северна Македонија која работи на унапредување на стручното образование во областа на земјоделство, шумарство и ветеринарство. Организацијата активно соработува со Министерството за образование, Центарот за стручно образование и индустриски партнери, со цел усогласување на наставните програми со потребите на пазарот на труд. ТФА организира натпревари, обуки и практични активности за учениците, а воедно е акредитирана за организација на национални натпревари во земјоделските струки.
Проектот „Натпревар за хортикултурни вештини: создавање идни зелени претприемачи“ има за цел да развие структуриран систем на натпревари и да придонесе кон модернизација на наставата по хортикултура.
Фокусот на проектот е:
– развој на практични и технички вештини кај учениците;
– поттикнување на зелено претприемништво;
– зголемување на интересот за хортикултурата како струка;
– подготовка на учениците за учество на национални и меѓународни натпревари.
Проектот придонесува кон зајакнување на капацитетите на стручните училишта и подобрување на квалитетот на стручното образование.
Цели на проектот
Проектот има за цел:
– Подобрување на квалитетот на стручното образование во областа на хортикултурата;
– Развој на практичните и техничките вештини кај учениците;
– Поттикнување на зелено претприемништво и одржливи практики;
– Подготовка на учениците за учество на натпревари за вештини на национално и меѓународно ниво;
– Зајакнување на капацитетите на стручните училишта и партнерските организации.
Во рамки на проектот беа организирани натпревари на вештини на повеќе нивоа – општинско и регионално со цел да се поттикне креативноста, практичната примена на знаењето и интересот за зелени професии.
Општински натпревари
Општинските натпревари беа реализирани во повеќе средни стручни училишта, вклучувајќи ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово и СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, каде вкупно учествуваа 117 ученици од повеќе средни стручни училишта.
Учениците ги демонстрираа своите практични вештини преку аранжирање на цвеќе и изработка на хортикултурни композиции, при што најуспешните се квалификуваа за регионалното ниво.
Регионални натпревари
Регионалниот натпревар се одржа во Струмица, во СОУУД „Димитар Влахов“. Се пласираа вкупно 16 ученици од повеќе средни стручни училишта.
Учениците се натпреваруваа според утврдени критериуми и стандарди, демонстрирајќи креативност и техничка прецизност во изработката на хортикултурни аранжмани. Најдобрите 4 ученици беа издвоени како најуспешни и обезбедија пласман на државното ниво.
Овие активности претставуваат значаен придонес кон унапредување на стручното образование во областа на хортикултурата, поттикнување на практичните вештини и развој на претприемачкиот дух кај младите.
Тера Фитон Анимал реализираше активности насочени кон развој на зелени вештини и поддршка на учениците во областа на хортикултурата. Во рамки на проектот беа спроведени:
– Подготовка на учениците преку практична работа и менторска поддршка;
– Координација со стручни училишта и наставници;
– Практични активности за развој на хортикултурни вештини;
– Промоција на активностите и резултатите преку социјални медиуми;
– Споделување на визуелни материјали од активностите и постигнувањата на учениците.
Овие активности придонесоа кон зголемување на интересот за зелени професии и развој на практични компетенции.
Здружение на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Р. С. Македонија
Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта во Северна Македонија (ЗЕМСУ) е непрофитна организација која обединува наставници и раководни кадри од 29 средни стручни училишта во Северна Македонија.
Како грантист во рамки на проектот „Зајакнување на младите – градење вештини, креирање иднина“, ЗЕМСУ активно придонесува кон унапредување на квалитетот на стручното образование преку зајакнување на соработката меѓу училиштата и институциите, како и преку организација на натпревари на вештини.
Во рамки на проектот „Поттикнување на практични и професионални вештини кај учениците за Skills Competition во духот на EuroSkills“, ЗЕМСУ реализираше активности насочени кон развој на стручните вештини кај учениците во секторите електротехника и машинство.
Проектот придонесува кон подобрување на практичната подготвеност на учениците и нивната усогласеност со потребите на пазарот на труд.
Цели на проектот
Проектот има за цел:
– Развој на практичните и техничките вештини кај учениците;
– Поттикнување на учество во натпревари за вештини;
– Зајакнување на соработката помеѓу училиштата и институциите;
– Подобрување на поврзаноста со бизнис секторот;
– Промоција на техничките струки кај младите.
Во рамки на проектот беа организирани општински и регионални натпревари во повеќе технички струки.
Училишни натпревари
Општинските натпревари се одржаа во периодот 02–10 февруари 2026 година, со учество на 197 ученици од 22 средни стручни училишта низ државата, 100 професори и 10 компании.
Натпреварите опфатија 8 стручни профили на натпреварувачи:
– Електротехничар за компјутерска техника и автоматика;
– Електротехничар енергетичар;
– Aвтомеханичар;
– Aвтоелектричар;
– Eлектротехничар;
– Монтер на мотори и моторни возила;
– Каросериски механичар;
– Заварувач.
Најдобрите ученици од ова ниво се квалификуваа за учество на регионалните натпревари.
Регионални натпревари
Регионалните натпревари се одржаа на 13 март 2026 година, во 4 региони низ државата.
Во оваа фаза учествуваа 72 ученици од 22 средни стручни училишта, кои се натпреваруваа според утврдени критериуми и стандарди. На натпреварите присуствуваа истотака и 100 професори и 10 компании.
Учениците кои освоија прво место се пласираа на Националниот натпревар на вештини, кој ќе се одржи на 11–12 мај 2026 година, каде ќе ги претставуваат своите училишта и стекнатите компетенции.
Овие активности претставуваат значаен придонес кон развојот на стручното образование, зајакнување на практичната настава и подобрување на поврзаноста со потребите на пазарот на труд.
ЗЕМСУ реализираше активности насочени кон координација, подготовка и унапредување на квалитетот на стручното образование во техничките струки.
Во рамки на проектот беа спроведени:
– Вклучување на наставници и ментори во подготовка и реализација на активностите;
– Соработка со релевантни институции и компании;
– Промоција на активностите и резултатите преку јавни објави;
– Реализација на онлајн обуки за безбедност и здравје при работа, организирани по региони;
– Комуникација со институции и стручни училишта за подобрување на квалитетот на натпреварите;
– Организација и спроведување на општински натпревари во секторите електротехника и машинство.
– Координација помеѓу стручните училиштата и наставниот кадар за подготовка на учениците за регионални натпревари;
Активностите придонесоа кон зајакнување на соработката помеѓу училиштата и институциите.
