Повик за доделување на грантови

Дек 26, 2024 | Новости

Занаетчиска комора Скопје во име на проектот финансиран од Европската унија „Зајакнување на младите – градење вештини, креирање иднина“ објавува повик за финансиска поддршка на граѓански организации кои работат со млади во средното стручно образование.

Крајниот рок за доставување на предлог проектите е 28.02.2025 година.

Вкупните средства за прелог проекти-акции поддржани во рамките на овој повик за финансиска поддршка на граѓански организации е 72.000,00 евра. Секој предлог проект-акција  според овој повик за предлози за проекти не смее да надмине над максималниот износ, и не смее да биде под минималниот износ:

• минимален износ: 12.000 евра

• максимален износ: 14.400 евра

За овој повик за доделување на грантови ќе се одржи инфо сесија  на 22.01.2025 во 12:00 часот во просториите на Занаетчиска комора Скопје.

Информации за аплицирање и потребните обрасци можете да ги преземете од линкот подолу:

Обрасци за  на предлог проект-акција:

Исправка бр.1 на ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТОВИ

Превземи го документот | линк до ИСПРАВКА БР.1

Исправка бр.2 на ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТОВИ

Превземи го документот | линк до ИСПРАВКА БР.2

Проектот „Зајакнување на младите – градење вештини, креирање иднина“ е  финансиран од Европската унија, а е спроведуван од  Занаетчиска комора Скопје во партнерство со АСМЕ и АМПЕРСАНД.

Поврзани објави

Претплати се

Претплатете се на нашиот билтен за да бидете информирани за овој проект