Отворање на Националниот натпревар на вештини 2026 во Скопје

Мај 12, 2026 | Новости

На 11 мај 2026 година, со присуство на високи претставници од институциите, образованието, бизнис секторот и меѓународната заедница, беше официјално отворен Националниот натпревар на вештини 2026, организиран од Занаетчиска комора Скопје во рамки на проектот „Youth Empower: Building Skills, Creating Futures“.

На отворањето свои обраќања имаа Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија, проф. д-р Весна Јаневска, министер за образование и наука, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје, Бесник Зендели, директор на Центарот за развој на стручно образование и обука и Горан Ристовски, претседател на Занаетчиска комора Скопје.

Во рамки на отворањето беше организирана и панел дискусија посветена на значењето на стручните вештини, унапредувањето на стручното образование и потребата од посилна соработка помеѓу образовните институции и бизнис секторот.

Настанот испрати силна порака дека практичните вештини, занаетчиството и стручното образование имаат клучна улога во развојот на економијата и во создавањето подобри можности за младите.
Натпреварувачкиот дел од Националниот натпревар на вештини 2026 се одржа на 12 мај 2026 година, при што 64 ученици од 15 стручни профили преку практични задачи ги демонстрираа своите знаења, вештини и професионални компетенции. Натпреварот е организиран во рамки на проектот „Youth Empower – Building Skills, Creating Futures“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Занаетчиска комора Скопје во партнерство со АМПЕРСАНД и АСМЕ.

Поврзани објави

Претплати се

Претплатете се на нашиот билтен за да бидете информирани за овој проект