Во рамки на проектните активности, Здружение Културен Центар СТЕРНА, ДИЈАГРАМ, Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри (ЗЕМСУ), МАССУМ и ТЕРА ФИТОН АНИМАЛ успешно организираа училишни и регионални натпревари на вештини во 15 стручни профили.
На регионално ниво се натпреваруваа 211 учесници од средни стручни училишта од целата држава, од кои 63 учесници се пласираа на Националниот натпревар на вештини. Националниот натпревар на вештини ќе се одржи на 12 мај 2026 година, каде ќе ги претставуваат своите училишта и стекнатите компетенции.
Учениците ги демонстрираа своите практични вештини, креативност и знаење, оценувани според утврдени критериуми и стандарди, со активно учество на наставници, ментори и претставници од бизнис секторот.




