Втора информативна сесија за Повикот за доделување на мали грантови за зајакнување на граѓанските организации кои работат во областа на стручното образование и обука во рабките на проектот Зајакнување на младите: развивање вештини, креирање иднина број на договор IPA III/2024/453-365 ќе се одржи во вторник 11 февруари 2025 година во 12 часот во просториите на Занетчиска комора Скопје.
Занаетчиска комора Скопје работи на принципите на недискриминација, отвореност, транспарентност и поврзано со тоа ја организираме втората информативна сесија, бидејќи сакаме да ги информираме сите заинтересирани страни за с основните информации за повикот, како што се целите на повикот, процедурите и чекорите за поднесувањето на апликации, критериумите за учество, трошоците, критериумите за евалуација и Исправка бр.1.
На следниот линк го имате повикот и документитите, ве молиме да ги прочитате. Ви препорачуваме да присуствувате на информативната сесија каде ќе имате можност да поставувате прашања во однос на критериумите и постапките за вашето подготвување и поднесување на апликацијата.
Вашето присуство пријавете го на следниот маил: contact@youthempower.mk до понеделник 10 февруари 2025 година.




