Пилот инкубаторот во рамките на проектот „Зајакнување на младите – градење вештини, креирање иднина“ официјално започна со работа на 14.03.2025 година. Првата работилница ја посветивме на Бизнис Модел Канвас, заедно со првата група млади кои започнуваат свои бизниси. Интересот за нови знаења беше огромен од страна на младите лица кои започнуваат занаетчиски бизниси.
Младите претприемачи заминаа задоволни и полни со нови знаења, подготвени да одговорат на предизвиците на претприемачкиот пат.
На инфо пултот за млади во Занаетчиска комора Скопје ги очекуваме сите заинтересирани млади лица да се пријават за една од понудените обуки во рамките на пилот инкубаторот.




