Одржани работилници во Пилот Инкубаторот и советувања на Инфо пултот

Ное 24, 2025 | Новости

Во Пилот Инкубаторот се реализираа пет тематски работилници во текот на месец ноември 2025 година.
Првите четири работилници, одржани на 11.11.2025, 12.11.2025, 20.11.2025 и 21.11.2025, беа фокусирани на темата „Бизнис Модел Канвас“, каде учесниците практично изработуваа делови од сопствени бизнис идеи и стекнуваа вештини за структурирање на одржлив деловен модел.

Последната работилница, одржана на 24.11.2025, беше посветена на темата „Профил на потрошувач“, каде младите учесници работеа на дефинирање на целни групи, потреби на клиенти и креирање вредност за пазарот.

Исто така на Инфо-пултот за Поддршка, младите добиваа индивидуално советување за самовработување, поддршка за развој на бизнис идеи, насоки поврзани со правни аспекти при започнување сопствен бизнис и информации за достапни обуки и можности за младинско претприемништво.

Активностите продолжуваат и во следните месеци, со цел да се поддржат младите во развој на практични вештини, пристап до ресурси и градење успешни претприемачки приказни.

Поврзани објави

Претплати се

Претплатете се на нашиот билтен за да бидете информирани за овој проект