На 23 јануари 2026 година беше одржана првата тркалезна маса со учество на околу 30 претставници од институции, образовни установи, приватниот сектор и експертската заедница.
Дискусијата беше фокусирана на усогласување на наставните програми со потребите на пазарот на труд, модернизација на курикулумите и зајакнување на практичните и претприемачките вештини.
Како заклучок, беше нагласена потребата од континуирано ажурирање на наставните содржини, додека пак како финален резултат ќе се изготви Предлог-политика за подобрување на наставните програми во СОО, кој ќе биде доставен до надлежните институции.
Прва тркалезна маса




