Одржана првата тркалезна маса: “Подобрување на наставните програми во стручното образование и обука за поголема усогласеност со пазарот на труд и вработливоста на младите”

Јан 24, 2026 | Новости

На 23 јануари 2026 година беше одржана првата тркалезна маса со учество на околу 30 претставници од институции, образовни установи, приватниот сектор и експертската заедница.

Дискусијата беше фокусирана на усогласување на наставните програми со потребите на пазарот на труд, модернизација на курикулумите и зајакнување на практичните и претприемачките вештини.

Како заклучок, беше нагласена потребата од континуирано ажурирање на наставните содржини, додека пак како финален резултат ќе се изготви Предлог-политика за подобрување на наставните програми во СОО, кој ќе биде доставен до надлежните институции.

Прва тркалезна маса

Поврзани објави

Претплати се

Претплатете се на нашиот билтен за да бидете информирани за овој проект