Одржан вториот Youth Skill Camp за идни вештини за ученици од средно стручно образование

Фев 12, 2026 | Новости

Во СОУ „Орде Чопела“ во Прилеп на 12.02.2026 се одржа вториот Youth Skill Camp, интерактивен едукативен камп наменет за ученици од средното стручно образование. Активноста се реализираше во рамките на проектот „Зајакнување на младите: градење вештини, креирање иднина“ финансиран од Европската Унија, од страна на партнерската организација Амперсанд (Александра Најческа) со поддршка на партнерската организација АСМЕ (Бојан Тодоровски) и Занаетчиската Комора Скопје како водечки партнер.

На кампот учествуваа вкупно 52 ученици, кои преку практични и интерактивни работилници имаа можност да стекнат нови знаења и вештини од областа на социјално претприемништво, развој на бизнис идеи, подготовка на pitch deck презентации и графички дизајн.
Преку тимска работа, brainstorming активности и практична работа со дигитални алатки, учениците работеа на развој на сопствени идеи за решавање проблеми во локалната заедница и подготовка на кратки презентации на нивните концепти. Кампот придонесе за зајакнување на дигиталните, претприемачките и презентациските вештини кај младите, како и за поттикнување на нивната креативност и иновативно размислување.


Поврзани објави

Претплати се

Претплатете се на нашиот билтен за да бидете информирани за овој проект