Одржан третиот Youth Skill Camp за идни вештини за ученици од средно стручно образование

Фев 13, 2026 | Новости

На 13 февруари 2026 година, во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, се реализираше третиот Youth Skill Camp, интерактивен едукативен камп наменет за ученици од средното стручно образование. Активноста беше организирана во рамките на проектот „Зајакнување на младите: градење вештини, креирање иднина“ финансиран од Европската Унија, од страна на партнерската организација Амперсанд (Александра Најческа) со поддршка на партнерската организација АСМЕ (Бојан Тодоровски) и Занаетчиската Комора Скопје како водечки партнер.

Во кампот учествуваа 50 ученици, кои преку интерактивни и практични активности се запознаа со основите на социјалното претприемништво, развојот на бизнис идеи и подготовката на pitch deck презентации, како и со основни елементи на графички дизајн и визуелна комуникација.
Преку тимска работа, brainstorming и практична работа со дигитални алатки, учениците имаа можност да ги разработат и структуираат сопствените идеи поврзани со предизвици од нивните струки и локалната заедница. Активноста придонесе за развој на креативното размислување, претприемачкиот дух и дигиталните компетенции кај младите, поттикнувајќи ги да размислуваат иновативно и да ги претстават своите идеи на структуриран начин.


Поврзани објави

Претплати се

Претплатете се на нашиот билтен за да бидете информирани за овој проект