Одржана втората тркалезна маса: „Институционализирање на соработката помеѓу стручното образование и приватниот сектор“

Фев 26, 2026 | Новости

На 25 февруари 2026 година беше одржана втората тркалезна маса со учество на 26 претставници од компании, институции и образовниот сектор.

Дискусијата беше фокусирана на регулаторните и оперативните бариери за вклучување на приватниот сектор, особено МСП и занаетчиските работилници во практичната обука и дуалното образование, како и на можностите за унапредување на соработката помеѓу училиштата и компаниите.

Како заклучок, беше истакната потребата од системска и институционализирана соработка, поддржана со соодветни регулаторни решенија и стимулативни механизми.
Како финален резултат ќе се изготват предлози за законски и подзаконски измени кои ќе бидат доставени до надлежните институции.

Втора тркалезна маса

Поврзани објави

Претплати се

Претплатете се на нашиот билтен за да бидете информирани за овој проект