Одржан четвртиот Youth Skill Camp за идни вештини за ученици од средно стручно образование

Фев 26, 2026 | Новости

Во СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе, на 26.02.2026, се одржа четвртиот Youth Skill Camp, интерактивен едукативен камп наменет за ученици од средното стручно образование. Активноста беше реализирана во рамките на проектот „Зајакнување на младите: градење вештини, креирање иднина“ финансиран од Европската Унија, од страна на партнерската организација Амперсанд (Александра Најческа) со поддршка на партнерската организација АСМЕ (Бојан Тодоровски) и Занаетчиската Комора Скопје како водечки партнер.

На кампот учествуваа 50 ученици, кои преку интерактивни работилници и практични активности се запознаа со основите на социјално претприемништво, развој на бизнис идеи, подготовка на pitch deck презентации и графички дизајн, зајакнувајќи ги своите дигитални и претприемачки вештини.


Поврзани објави

Претплати се

Претплатете се на нашиот билтен за да бидете информирани за овој проект