На 24 март 2026 година беше одржана третата тркалезна маса во форма на младински панел со учество на 30 учесници, вклучувајќи млади, експерти и носители на одлуки.
Дискусијата се фокусираше на улогата на стручното образование и обука (СОО) во развојот на социјалното претприемништво и вработливоста на младите, како и на потребата од поголема практична примена на претприемничките вештини.
Како заклучок, беше нагласена важноста од активно вклучување на младите и интеграција на социјалното претприемништво во СОО.
Како финален резултат ќе се изготват препораки за подобрување на младинската вработливост и поддршка на претприемништвото.
Трета тркалезна маса




