Одржана третата тркалезна маса: „Youth Panel: Social Entrepreneurship and Youth Employability in VET“

Мар 25, 2026 | Новости

На 24 март 2026 година беше одржана третата тркалезна маса во форма на младински панел со учество на 30 учесници, вклучувајќи млади, експерти и носители на одлуки.

Дискусијата се фокусираше на улогата на стручното образование и обука (СОО) во развојот на социјалното претприемништво и вработливоста на младите, како и на потребата од поголема практична примена на претприемничките вештини.

Како заклучок, беше нагласена важноста од активно вклучување на младите и интеграција на социјалното претприемништво во СОО.
Како финален резултат ќе се изготват препораки за подобрување на младинската вработливост и поддршка на претприемништвото.

Трета тркалезна маса

Поврзани објави

Претплати се

Претплатете се на нашиот билтен за да бидете информирани за овој проект