Национален натпревар за вештини 2026

Мај 7, 2026 | Новости

Националниот натпревар на вештини 2026 претставува значаен настан кој ги обединува најдобрите ученици од средните стручни училишта во Северна Македонија. Натпреварот се организира со цел промоција на стручното образование, практичните вештини и професионалниот развој на младите од страна наЗанаетчиска комора Скопје, во рамки на проектот „Зајакнување на младите: Градење вештини, креирање иднина“, финансиран од Европската Унија.

На 12 мај 2026 година, во АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје, ученици од 15 различни стручни профили ќе ги демонстрираат своите знаења и практични компетенции преку реални работни задачи и натпреварувачки активности, инспирирани од европските стандарди и современите барања на пазарот на трудот.

Настанот овозможува:

  • промоција на стручното образование и обуката;
  • развој на практични и професионални вештини кај младите;
  • поврзување помеѓу училиштата, компаниите и институциите;
  • поттикнување на иновации, креативност и претприемништво;
  • подигнување на јавната свест за значењето на квалификуваната работна сила.

Поврзани објави

Претплати се

Претплатете се на нашиот билтен за да бидете информирани за овој проект