Одржан Националниот натпревар на вештини 2026 во Скопје

Мај 13, 2026 | Новости

Вториот ден од Националниот натпревар на вештини 2026, 12.05.2026 беше посветен на натпреварувачкиот дел, каде 64 ученици од 15 различни стручни профили ги демонстрираа своите практични знаења, вештини и професионална подготвеност.

Преку реални работни задачи и практични предизвици, учениците покажаа високо ниво на посветеност, креативност и тимски дух, поддржани од своите ментори, наставници и училишта. Натпреварот уште еднаш потврди дека стручното образование претставува важен двигател за личен и професионален развој на младите.

Настанот беше исполнет со позитивна енергија, емоции и гордост, како кај натпреварувачите, така и кај менторите и посетителите. Овој прв Национален натпревар на вештини во ваков обем во Северна Македонија испрати јасна порака дека младите поседуваат потенцијал, знаење и подготвеност да одговорат на современите потреби на пазарот на труд.

Занаетчиска комора Скопје упатува искрена благодарност до сите ученици, ментори, наставници, училишта, компании, институции, партнери и поддржувачи кои придонесоа за успешна реализација на натпреварот.

Честитки до сите учесници и победници за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати. Националниот натпревар на вештини 2026 е организиран во рамки на проектот „Youth Empower: Building Skills, Creating Futures“, финансиран од Европската Унија, а реализиран од Занаетчиска комора Скопје во партнерство со AMPERSAND и АСМЕ.

Поврзани објави

Претплати се

Претплатете се на нашиот билтен за да бидете информирани за овој проект