Одржана работилница во Пилот Инкубаторот со ученици од „Партенија Зографски“

Мар 26, 2026 | Новости

Во рамките на Пилот Инкубаторот, на 25 март 2026 година беше одржана интерактивна работилница со ученици со оштетен слух од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ во Скопје, на тема „Дрво на проблемот“.

Преку прилагодени визуелни и интерактивни методи, учениците имаа можност да ги идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат, како и нивните причини и последици. Работилницата им помогна полесно да ги разберат проблемите од нивната секојдневна средина и да размислуваат за можни решенија.
Како резултат, учениците ги унапредија своите вештини за критичко размислување, решавање проблеми и комуникација, а воедно беа охрабрени за поголемо учество во образовните и општествените процеси, како и за развој на претприемачки идеи и самодоверба.


Поврзани објави

Претплати се

Претплатете се на нашиот билтен за да бидете информирани за овој проект