На 25 февруари 2026 година беше одржана втората тркалезна маса со учество на 26 претставници од компании, институции и образовниот сектор.
Дискусијата беше фокусирана на регулаторните и оперативните бариери за вклучување на приватниот сектор, особено МСП и занаетчиските работилници во практичната обука и дуалното образование, како и на можностите за унапредување на соработката помеѓу училиштата и компаниите.
Како заклучок, беше истакната потребата од системска и институционализирана соработка, поддржана со соодветни регулаторни решенија и стимулативни механизми.
Како финален резултат ќе се изготват предлози за законски и подзаконски измени кои ќе бидат доставени до надлежните институции.
Втора тркалезна маса




