На 11 мај 2026 година, со присуство на високи претставници од институциите, образованието, бизнис секторот и меѓународната заедница, беше официјално отворен Националниот натпревар на вештини 2026, организиран од Занаетчиска комора Скопје во рамки на проектот „Youth Empower: Building Skills, Creating Futures“. На отворањето свои обраќања имаа Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија, проф. д-р Весна Јаневска, министер за образование и наука, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје, Бесник Зендели, директор на Центарот за развој на стручно образование и обука и Горан Ристовски, претседател на Занаетчиска комора Скопје. Во рамки на отворањето беше организирана и панел дискусија посветена на значењето на стручните вештини, унапредувањето на стручното образование и потребата од посилна соработка помеѓу образовните институции и бизнис секторот. Настанот испрати силна порака дека практичните вештини, занаетчиството и стручното образование имаат...








